21 октомври, 2018

Радио

Состојки

  • 500гр варен компир
  • 190гр брашно
  • 50гр путер
  • 1 јајце
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 лажичка масло

Состојки за фил

  • 200гр нутела
  • 4 лажички масло
  • ¼  лажичка сол
  • 2 лажички какао

Подготовка

  1. Со лажичка одвојте 10 топчиња нутела и ставете ги во замрзнувач за да се затегнат. На сварениот компир додадете му путер,соединете ја смесата , испасирајте, и оставете да се излади. Можете да го оставите преку ноќ во фрижидер. На ова додадете јајце, масло и брашно и замесете тесто.
  2.  Посипете малку брашно по рацете и одвојувајте го тесто, (околу 70 гр.) и истенчете го со дланкит . Додавајте по едно топче нутела во секое парче од тестото и формирајте кнедли.
  3. Пропржете малку презла, додадете и шеќер и какао и соединете се во смеса. Кнедлите варете ги во длабок сад со вода и додадете масло и малку сол, околу 3-4 минути, односно додека не испливаат сами на површина, потоа варете ги уште една минута.
  4. Исцедете ги кнедлите и ставете ги во презлата. Извалкајте ги рамномерно од сите страни. Оставете малку да се изладат и послужете.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Кнедли со нутела
Горе