Колач со јогурт, крем-сирење и со лимон

16 февруари, 20180
9

Состојки:

За бисквитот: 
·    1 ½ шолја брашно
·    ½ лажичка прашок за пециво
·    ¼  лажичка сода бикарбона
·    ¼ лажичка сол
·    ½ шолја масло
·    ¾ шолја шеќер
·    1 јајце
·    ½ шолја јогурт
·    изрендана кора од еден лимон
·    1 лажица свежо исцеден сок лимон

 

Слој од крем сирење: 
·    250 g крем сирење
·    1 јајце
·    1 ½ лажичка сок од лимон

За поросување:
·    ½ шолја брашно
·    ¼ шолја шеќер
·    2 лажици ладен путер
·    шеќер во прав

Приготвување:

Вклучете ја рерната да се загрее на 160C, земете четириаголен калап за торти и обложете го со мрсна хартија.

Во еден сад со средна големина измешајте го крем сирењето, шеќерот, јајцето и сокот од лимон и тргнете го на страна. Во посебен сад измешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона и сол и оставете го на страна. Во трет сад со миксер изматете го маслото, шеќерот и јајцата да добиете пенлива смеса, додадете го јогуртот, кората од лимон и сокот. Постепено во мокрите состојки измешајте ги сувите и убаво изматете ги со миксер за да добиете мазно, течно тесто, без грутки. Сипете ја смесата во подготвениот калап, и одозгора на тестото внимателно распоредете ја смесата со крем сирењето. Трошките за посипување направете ги така што во еден сад ќе ставите брашно, шеќер и ладен путер и со две вилушки или со прстите ќе ја гмечите смесата се додека не добиете трошки со големина на грашок. Трошките посипете ги по смесата од крем сирењето па ставете го колачот во рерната да се пече 37-40 минути.
Изладениот колач исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi