Крем пита: Црно и бело

9 август, 20180
15

Состојки:

За кора:

1 чаша мелени ореви

3 супени лажици шеќер

½ чаша путер

1 чаша брашно

За кремот со сирење:

225 гр крем сирење

1 чаша шеќер во прав

1 чаша матена павлака

За пудингот од ванила:

1 пакетче пудинг од ванила

3 чаши млеко

За чоколадниот пудинг:

1 пакетче чоколаден пудинг

3 чаши млеко

За горниот слој:

2 чаши матена павлака

Рендана чоколада

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Подмачкајте сад за печење со димензии 23х33 см.

Со миксер изматете ги сите состојки потребни за кората и добиената смеса префрлете ја во садот за печење. Се пече 20 минути.

Подгответе го пудингот од ванила според упатството на опаковката. Подгответе го и чоколадниот пудинг исто така.

Во длабок сад додадете го крем сирењето, шеќерот во прав и чашата матена павлака. Матете со миксер се додека смесата добро не се изедначи.

Оставете кората да се олади. Намачкајте со смесата со крем сирењето врз основата. Врз тоа внимателно додадете го чоколадниот пудинг и измазнете. Врз тоа се додава и белиот пудинг. На крај додадете матена павлака и поросете со рендана чоколада.

Оставете го десертот во фрижидер неколку часа да се стегне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *