Кремаст колач со праски и  малини

23 јули, 20180
rec1

Свеж и кремаст летен колач со сезонско овошје. Мекиот бисквит од ореви убаво ја надополнува комбинацијата.

Состојки

  • за тесто:
  • јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 4 лажици мелени ореви
  • 2 лажици брашно
  • 1 рамна лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка масло
  • за фил:
  • 650 мл млеко
  • 2 пудинга со вкус на слатка павлака
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 500 мл слатка павлака млечна, 36% мм
  • 100 гр мелен бисквит
  • 150 гр кисела павлака
  • 1/2 кесичка желатин(може и без него)
  • 200 гр малини
  • 300 гр праски излупени и исчистени

 Подготовка

Подгответе го калапот за торта со дијаметар од 26 см, покријте го со хартија за печење, премачкајте со масло. Вклучете ја рерната за да се загрее на 180 C.

Раздвојте ја белката од  жолчката, изматете во  цврст снег, додајте го шеќерот, матете додека да се поврзе па додадете жолчка и масло.

Во посебна чинија помешајте го овошјето, брашното и прашокот за печиво, па измешајте со лажица со јајцата полека со превртување, додека бисквитната маса не се соедини. Печете 15 минути, со чепкалка проверете дали бисквитот е печен. Оставете го да се олади. Бисквитот при печење ќе се подигне, но потоа ќе се спушти со разладување.

Праските олупете ги и насецкајте ги на мали коцки. Употребувајте цврсти плодови, кои не се презреани. Ставете ги во цедилка да се исцади сокот. Малините измијте ги со вода и исто така оставете да се исцадат.

Во тенџере ставете го млекото со ванилин шеќер или стапче ванила за да се загрее. Одвојте 1 дл  за да го разматите пудингот со шеќерот. Вмешајте ја смесата во млекото пред да зоврие и мешајте додека не се згусне.

Ако сакате да добиете цврст фил, растворете половина кесичка со желатин со 2 лажици ладна вода, оставете да набабри, растопете го и мешајте во филот  со енергично движење или миксер, што е полесно.

Оставете го да се олади .

Ладната млечна слатка павлака изматете ја, па поделете ја на два дела. Во еден дел додајте ги мелените бисквити. Во вториот дел оладениот фил и киселата павлака.

Тестото поставете го на подлога, испрскајте со сокот што ви остана од праските.Намачкајте го прво филот со бисквит, наредете го овошјето, за да се покрие рамномерно. Потоа ставете го другиот фил и убаво израмнете. Оставете го во фрижидер, најдобрио до следниот ден.

Извадете го од калапот кога добро ќе се стегне. По желба украсете со овошје и бисквити.

Послужување

Зголемете го  количеството на шеќер ако сакате поблаги колачи. Млечната павлака што ја користам е незасладена. Наместо пудингот со вкус на слатка павлака, можете да користите густин. Играјте со комбинации на овошје 😉 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi