Лесен десерт без брашно: Баварска торта

18 јуни, 20180
9

Состојки:

Тесто:

240 гр. чоколадо;
50 гр. путер;
5 жолчки од јајце;
9 белки;
80 гр. шеќер.

Фил:

250 мл. млеко;
100 гр. шеќер;
4 жолчки;
1 лажица ликер од вишни;
неколку капки екстракт од бадеми;
една кесичка желатин во прав;
200 мл. слатка павлака.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Растопете го чоколадото на пареа и додадете го путерот и измешајте. Жолчките матете ги со 20 гр. шеќер додека не осветлат. Белките матете ги со 60 гр. шеќер додека не се направи цврста пена. Потоа во белките додадете ги жолчките и рачно матете, а по нив додадете го и растопеното чоколадо. Истуртете ја смесата во калап намачкан со путер и печете 30-тина минути. Извадете го тестото од рерната и додека истото се лади, подгответе го филот.

Ставете половина од шеќерот, односно 50 гр., во млекото и ставете ги на рингла да се загреат, а останатите 50 гр. ставете ги во жолчките и изматете. Смесата од јајца и шеќер постепено додадете ја во млекото и варете на потивок оган додека истата не се згусне. Потоа, тргнете го кремот од јајца и млеко од ринглата оставете го да се олади.

Желатинот подгответе го според упатството на амбалажата, со тоа што една лажица вода ќе ја замените со една лажица ликер од вишни. Изматете ја слатката павлака во шлаг. Растопениот желатин измешајте го со изматениот шлаг, а потоа целата смеса додадете ја во кремот од јајца, капнете неколку капки екстракт од бадеми и измешајте со лажица.

Врз печеното тесто прелијте го кремот и оставете го во фрижидер да се олади (задолжително до утрешниот ден). Тортата може да ја украсите со парченца чоколадо или како во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *