Миризливи јаболки

1 октомври, 20180
дд

Состојки

  • 4 јаболки со средна големина
  • 500 мл вода
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 4 лажици сок од лимон
  • цимет
  • 80 г суво грозје
  • 10 гр свеж ѓумбир

За декорирање:

  • 50 гр грубо исецкани лешници
  • 1 шлаг

Подготовка

Во зовриена вода додадете шеќер, ванилин шеќер, сок од лимон, цимет, ѓумбир исечен на ливчиња. Заедно варете ги состојките на тивок оган околу 10 минути.Излупете ги јаболките и исчистите ја средина, а потоа ставете ги во водата со шеќерот да се варат. во текот на варењето јаболките свртете ги и гответе на секоја страна по 5 минути. Додадете го измиеното суво грозје при крајот на варењето.

Сервирање

Ставете ги јаболките во соодветни здели или на чинија, истурете ја течноста со суво грозје во која се вареа и посипете ги со грубо исецкани лешници. Послужете ги со шлаг што сте го подготвиле според инструкциите на пакувањето.

Совет

Варените јаболки на овој начин можат да се послужат топли или ладни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *