Најлесен чизкејк со јагоди

14 август, 20180
tt

Не ви треба рерна и нема повкусен!

Самата подготовка е брза, и ве советуваме еден ден однапред да го “планирате”, бидејќи треба да се стегне во фрижидерот.

Состојки:

250 грама дигестивни бисквити

100 грама путер, да се стопи

500 грама бмеко несолено сирење

100 грама шеќер во прав

300 милилитри слатка павлака

400 грама јагоди

Подготовка:

Премачкајте ја внатрешноста на тепсијата или садот со дијаметар од 23 сантиметри со путер, а потоа покријте ја со хартија за печење. Бисквитите смелете ги во блендер или ставете ги во посилна кеса, а потоа со сукало иситнете ги. Истурете ги во сад и прелијте ги со стопениот путер. Пренесете ја добиената мешавина во тепсијата и притиснете ја за да формирате рамна површина. Се става во фрижидер најмалку еден час.

Сирењето и шеќерот разматете го со блендер додека не се изедначи смесата, а потоа додадете слатка павлака и матете додека целосно не се измешаат, а смесата не добие на големина. Нанесете го кремот на површината на бисквитите и внимателно размачкајте го така да не останат меурчиња, а слојот да биде подеднакво распределен. Дозволете да стегне до неколку часа или преку ноќ. Внимателно отстранете ја тортата од калапот, половина од јагодите испасирајте и процедете ги. Исечете ја другата половина од јагодите и покријте ја површината на тортата, а потоа внимателно истурете ја мешавината од јагоди. Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi