Највкусна паста за 15 минути!

13 август, 20180
PAST

Пробајте го овој рецепт, ќе се исплати со заштеда на време и богат вкус!

Тоа не се само највкусни, туку најбрзи тестенини што некогаш сте ги пробале!

Сè што треба да знаете за пастата:

Италијанските тестенини се составен дел на многу ресторани, како и локални “менија”. Брзо се подготвуваат, и само со неколку дополнувања може да се подигнат на повисоко ниво, да изгледа фантастично и обзема со вкусот. Предноста на пастата е дека тоа е евтина состојка, која бара само малку поскапи состојки за да “засвети”.

Овој рецепт е популарен поради тоа што сосот ќе биде готов додека ги спремите тестенините, што во просек трае меѓу осум и 12 минути, а остатокот од состојките, всушност, треба само малку да се затоплат.

Состојки:

400 грама тестенини

Три чешниња лук

Еден поголем домат

Пет суви домати во масло

Тврдо сирење (пармезан или козјо сирење)

Маслиново масло

Сол

Бибер

Подготовка:

Во тавче загрејте маслиново масло. Во поголемо тенџере ставете ја водата да се вари до заврување. Не солете веднаш, затоа што ќе биде потребно повеќе време за да почне да врие. Ставете ги тестенините и потоа посолете ја водата. На маслиново масло пропржете сецкан лук, доматот кој се сече на коцки и ситно исечени сушени домати. Посолете и забиберете по вкус, и додадете малку вода за да се готви на тивко додека тестенините не се сварат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi