Немате карта до Мексико, но го имате ова јадење

26 јули, 20200
Capture2

Мексико е далеку, но мирисите и вкусовите на таа убава земја можете да ги почувствувате и во својата кујна. Вака…

Свинско каре со чедар, ориз и мексиканска мешавина

Состојки:

  • 400гр свинско каре
  • 150 гр чедар (може и гауда)
  • една кесичка мексиканска мешавина
  • 100гр интегрално брашно
  • сол, бибер, ким, лута пиперка, лук (чешне или во прав)
  • лажичка мајчина душица и рузмарин

Подготовка

Пржете го месото во тава. Секоја шницла посолете ја и забиберете,  додадете малку лук, ким и сецкани чили пиперки. Кога месото ќе биде готово, тргнете го од оган, а во истата тава додадете ја “мексиканската мешавина” и прелијте со вода. Во подлабок сад варете го оризот, додадете мајчина душица и рузмарин. Во огноотпорен сад наредете го месото ,врз секое парче месо ставете по едно парче од кашкавалот,  печете на 200 Целзиусови степени околу десет минути. Послужете го месото во голема плитка чинија со тоа што најпрво ќе ставите по една лажица мексиканска мешавина и ориз, а преку тоа месото

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi