Нискокалоричен сладолед со карамел и кикирики

28 јули, 20200
recept

Сега можете да го направите вашиот омилен летен десерт со јогурт и да уживате во неодоливиот вкус.

Летото не можеме да го замислиме без сладолед, и овој пат предлагаме да направите едноставна и нискокалорична варијанта која брзо се подготвува.

Сладоледите за многумина се сладок порок и многу од нас не можат да се откажат толку лесно. Понекогаш не е доволен само еден на ден, иако е јасно дека со бројот на калории може да го замени појадокот или вечерата.

Околу 100 грама сладолед содржи 8 проценти масти, има 200 до 400 калории, а со зголемување на делот на маснотии и додавање на состојки како чоколадо, лешник, карамела или шлаг, се зголемува неговата калориска вредност.

Замрзнатиот јогурт во секој случај е корисна и поздрава замена, а за правење на нискокалоричен сладолед, заради кремастатат текстура, го препорачуваме грчкиот тип на јогурт.

Прочитајте подолу како можете да направите кремаст сладолед од само неколку состојки во кои можете да уживате без вина на совеста.

Состојки за 6 сладоледи:

3 чаши грчки јогурт

2 лажици мелени кикирики

2 лажици сецкани карамел бонбони

6 реда чоколадо

Подготовка:

Сомелете ги кикириките со 3 реда на чоколадо. Остатокот од чоколадото ќе служи како декорација. Чоколадото, мелените кикирики и сецканите карамели соединете ги со јогуртот.

Ставете ја смесата во калапи за сладолед и ставете ги во замрзнувач четири часа. Растопете го остатокот од чоколадото и малку оладете го. Извадете го сладоледот од калапот и натопете го во стопено чоколадо и веднаш можете да посипете со искршени кикирики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *