Освежителен пијалок од лубеница

20 јули, 2018
lub

Брз освежителен пијалок од лубеница, за жешките денови! Погледнете го и видеото со рецептот  https://youtu.be/pSiH6DL5cyw

Состојки

  • 3 чаши лубеница
  • 1 чаша вода

Подготовка

Лубеницата исчистете ја од семки колку е возможно поубаво и насечете ја на ситни парчиња во чаша од 300 мл.

Такви 3 чаши додадете во блендер па додадете 1 чаша ладна вода.

По блендирањето прецадете ја смесата.

Пијалокот послужете го со многу мраз и по потреба додајте шеќерен сируп.