Пилешка крем супа со њоки

24 јули, 20180
су

За посвежите летни денови.

Состојки

4 особи

  • 1 пилешки гради без коска
  • 1 глава ситно исецкан кромид
  • 1 морков исецкан на кругови
  • 1/2помал корен од целер
  • 3 чешниња ситно исецкан лук
  • 500 мл вода + коцка за супа
  • исушен рузмарин
  • исушена мајчина душичка
  • морска сол
  • свежо мелен бибер
  • свежо изрендан мускатен орев
  • 400 гр њоки
  • 50 гр маслац
  • 3 полни лажици брашно
  • 500 мл млеко
  • 1/3 чаша павлака за готвење
  • 1 рака свеж спанаќ крупно исечен

 Подготовка

На загреано масло пропржете го кромидот, додадете морков и целер, по 3-4 минути и лук, рузмарин и мајчина душица.Кога ќе замириса, додадте го месото, налејте со вода и постепено варете 15-20 минути на тивок оган. За тоа време направете бешамел. На загреан маслац, пропржете го брашното додека не ја промени бојата. Мешајќи за времена целиод период со жица, додавајте ладна млеко, зачинете и варете го сосот неколку минути. На крајот додадете ја павлаката и тргнете го тенџерето од оган. Вареното месо извадете го од супата, оладете го и исечете на коцки. Во супата додадете њоки, варете 5 минути, додадете го бешамелот, вратете го месото, додадете ги исечените листови спанаќ и варете уште неколку минути.

Веднаш послужете ја супата додека е топла.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *