Посни колачиња без печење

29 мај, 2018
10

Состојки:

300 г мелени лешници

4 лажици овесни снегулки

10 урми (претходно киснети во топла вода)

4 лажици маслиново масло

2 лажици какао

4 лажици вода

Подготовка:

Сите состојки заедно се ставаат во блендер за да се изедначи смесата, па се става во калапи за мафини.

Во средината се длаби за да се направи простор за филот.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ФИЛОТ:

100 г мелени ореви

15 урми (претходно киснети во топла вода)

1 лажица мед

2 лажици какао

3 лажици маслиново масло

6 лажици вода

Сите состојки се ставаат во блендер, а со готовиот фил се полнат колачињата.

Колачињата да отстојат некое време во ладилник за да се стегнат.