Ролат од малини

6 јуни, 20180
10

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 200гр Шеќер
  • 70гр  Башно
  • 40гр Густин
  • 3 – кесички желатин
  • 300гр Малини
  • 300гр Сирење
  • 200мл слатка павлака
  • Лажица сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200.C. Раздвојте ги белките од жолчката. Изматете ја жолчката со 4 лажици врела вода и 70гр шеќер. Изматете ја белката и 30гр шеќер, па измешајте ја жолчката. Додадете брашно и густин. Разлејте го по плехот со хартија за печење и печете 15 мин.
  2. Извадете го печениот пандишпан на чиста крпа и посипете со шеќер, па потоа одлепете ја хартијата. Свиткајте го ролатот.
  3. Се подготвува желатинот. Малините се пасираат. Се меша соединува, пола пире од малина и 100г. шеќер. Се мати павлаката.
  4. Сокот од лимон се загрева, се растопуваат 2 кесички желатин и во таа смеса се меша кремот од сирење, и павлака.
  5. Се премачкува кората со сирењето, и се завиткува повторно во ролат. Се премачкува ролатот со слатко од пире во кое е замешан желатин, направен по упатството од кесичката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi