24 октомври, 2018

Радио

Овој е рецепт како состојка ги предложува малините, но сепак вие може да го употребите вашето омилено сезонско овошје.

Исчистете ги малините, измијте ги и одвојте од нив 130 гр. Измиксирајте ги со една лажица шеќер во прав. Јајцето изматете го на пареа со останатиот шеќер, па добиената смеса измешајте ја со јогуртот. Одвојте ¼ од јогуртот и измешајте ја со смесата од измиксирани малини.

Остатокот од кремот со јогурт измешајте го со целите малини кои ви останаа ставете ги во чашите и оставете ги во фрижидер да отстојат половина час. Чашите полнете ги до половина, затоа што ќе треба да се дополнат подоцна со смесата од јогурт со измиксирани малини. Ставете ги чашите повторно во фрижидер, а во нив ставете стапчиња. По 4-5 часа ќе имате вкусен домашен сладолед на стапче.

Потребни состојки:

400 гр свежи малини

75 гр шеќер во прав

1 јајце

400 гр полномасен јогурт

6 чаши или калапчиња за сладолед

дрвени стапчиња

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Сладолед од јогурт и малини
Горе