Сладолед – ролат со малини

10 јули, 2018
10

Потребни состојки:

100 гр млечно чоколадо

3 јајца

150 г шеќер

200 гр малини

1 кесичка ванилин шеќер

4 лажици корнфлекс

250 гр несолено крем сирење

150 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со 50 грама шеќер, додадете го  стопеното млечно чоколадо и една третина од слатката павлака и изматете во мазна смеса. Ставаете во сад за печење обложен со хартија за печење и печете 15 минути во загреана рерна на 150 степени. Печената кора заедно со хартија  направете ја во форма на ролат и оставете да се излади на собна температура.  Меѓувреме изматете го крем сирењето со остатокот од шеќерот и павлаката. Разладениот ролат  премачкајте го со филот(оставете лажица плус за премачкување на ролатот), посипете над него три лажици мелен корнфлекс, на  врвот распоредете ги малините и посипете ги со ванила. Завиткајте го ролатот, премачкајте го со преостанатиот фил и посипете со мелен корнфлекс одзгора. Ставете во фрижидер да се излади.