20 септември, 2018

Радио

Потребни намирници – 200 грама ситно сечкани бадеми, 200 грама мелени бадеми, 200 грама шеќер, 200 грама брашно, 3 јајца, 100 грама маргарин, 1 прашок за печиво.

За филот – 3 јајца, 100 грама чоколадо, 4 лажици шеќер, 1 лажица мед, 150 грама маргарин, за глазура – 50 грама црна чоколада, 50 грама бела чоколада, 6 лажици слатка павлака.

Подготовка

Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во снег. Посебно изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете го маргаринот, сечканите бадеми, мелените бадеми и добро измесете, потоа вмешајте го и брашното со прашокот за печиво. На крајот додадете го снегот од белките.

Печете на 200 степени 20 минути во плех (по можност во форма на тријаголник). Оставете да се излади, а потоа исечето на три дела.

Фил – во длабок сад соединете ги јајцата, шеќерот, медот, иситнетата чоколада и варете на пареа додека смесата стане густа. Во изладената смеса додадете го пенесто изматениот маргарин. Премачкајте го тестото. Белата и црната чоколада стопете ја заедно со слатката павлака и на крајот претурете ја врз тортата.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Тоблероне Торта
Горе