20 ноември, 2018

Радио

СОСТОЈКИ:

За пандишпан:

  • 8 јајца
  • 250 г шеќер
  • 3 лажици лебни ронки
  • 80 г мелени ореви

За фил:

  • 6 лажици густин
  • 250 г маргарин
  • 350 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 500 мл млеко

За украсување:

  • 1 пакетче шлаг
  • 100 мл млеко
  • чоколадни ронки

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Се прави пандишпан. Јајцата се матат со шеќерот. Се додаваат мелените ореви и лебните ронки и се меша. Тестото се распоредува во 2 тркалезни калапа. Се пече на 180 степени.
  2.  Се прави филот. Се зоврива 300 мл млеко со ванилата. Во друго тенџере на оган се става шеќерот да се пржи, со постојано мешање.
  3.  Преостанатото млеко (200 мл) се става во густинот и се меша. Откако шеќерот ќе се карамелизира, се додава зовриеното млеко, а потоа и густинот, и се меша додека се згусне.
  4. Се мати путерот, се додава изладениот крем и се мати со миксер.
  5. Се филува: пандишпан-фил, втор пандишпан-фил.
  6.  Се украсува со изматен шлаг и со чоколадни ронки.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Торта „карамела“
Горе