Торта со нутела и бело чоколадо

9 февруари, 20180
11

Напомена: состојките мерете ги со една иста шолја.

Потребни состојки за тестото:

–          3 шолји ситно исецкани вафли

–          Половина шолја растопен путер

Потребни состојки за филот:

–          Половина килограм младо несолено сирење

–          Млеко

–          3 јајца

–          3 лажици сок од портокал

–          Половина шолја шеќер

–          Една бела чоколада

–          5 лажици нутела

 

Подготовка:

Ситно исецкајте ги вафлите и измешајте ги со растопениот путер. Со оваа смеса премачкајте ја подлогата на плехот и ставете од страните.

Сирењето убаво измиксирајте го со млекото се додека не добиете убава кремаста смеса. Додадете ги јајцата, сокот од портокал и шеќерот. Една шолја од таа смеса тргнете на страна. Оставете уште малку од филот во кој ќе ја ставите нутелата. Во филот од шолјата  ставете ја исецканата бела чоколада. Премачкајте ја кората со белиот фил, па одозгора ставете го филот со бела чоколада. Најодозгора ставете го филот кој го измешавте со нутела. Одозгора ставете мелени лешници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *