Тортички од праз

9 февруари, 20180
10

Мали тортички од праз како одлична закуска или предјадење. Лесно и брзо се подготвуваат, а изгледаат прекрасно.

Потребни состојки:

2 страка праз

2-3 лажици маслиново масло

половина лажиче сол

4 јајца

180 мл млеко

200 гр рендан пармезан

6 тенки парчиња сланина или друг сувомеснат производ (по желба)

бибер

морко оревче

хартија за печење

 

Подготовка

Празот исчистете го, измијте го и исечете го на полу месечинки.

Рерната загрејте ја на 180 Целзиусови степени. Во тавче за пржење ставете малку маслиново масло да се загрее. На загреаното масло ставете го празот да се пропржи и омекне. Ставете сол и бибер. Гответе околу 5 до 8 минути, додека да омекне празот убаво. Кога празот ќе биде готов, тргнете го од оган. На страна, изматете ги јајцата со млекото.

Во оваа смеса додадете ги сланината, пармезанот и празот.

Зачинете со морско оревче и се убаво измешајте.

Од хартијата за печење исечете неколку коцки со ножици, со димензии малку поголеми од длабнатината на мафините (да излегува малку хартија за печење надвор).

Парчињата хартија ставете ги во модлите за тортички и секое парче наполнете го со филот.

Ставете да се пече во загреаната рерна околу 25 минути, додека да се стегне тортичката од праз.

Пред сервирање, оставете убаво да се олади и сервирајте во корпи од хартија за печење.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *