24 октомври, 2018

Радио

Љубител сте на чоколадни торти? Тогаш прав вистинскиот избор за вас е чоко бисквит торта. Вкусна, не многу скапа и се прави набрзина. Уживајте!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500 г бисквити
* 500 мл млеко
* 1 пудинг од чоколадо
* 250 г маргарин
* 130 г шеќер во прав
* 150 гр чоколадо за готвење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете го пудингот во млеко, и додека е врел додадете искршено чоколадо. Мешајте додека сосема не се растопи и потоа оставате да се олади. Маргаринот и шеќерот во прав ги матите со миксер и во нив го додавате оладениот пудинг. Бисквитите се натопуваат во млеко и се редат на послужавник.
Го премачкувате бисквитот со фил од пудинг и чоколадо и ја повторувате постапката додека не се искористат сите состојки. Со останатиот фил ја декорирате тортата, украсете ја со рендано чоколадо.

Напомена: Млекото не треба да биде врело додека ги натопувате бисквитите, за да не се растопи филот.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Вкусна, не многу скапа и се прави набрзина: Чоко бисквит торта
Горе