17 септември, 2019

Радио

Патување на луксузни дестинации кои вклучуваат низа на фитнес програми и уживање во велнес третмани и здрава храна.

Тематските патувања не се нешто ново, профитот од велнес и јога одморалиштата се брои во големи износи, а сега им се приклучи и фитнесот.

Познатиот ClassPass, чие членство ви овозможува да вежбате во 10 000 фитнес студија низ целиот свет, го објави новиот проект – ClassPass Getaways.

Станува збор за викенд фитнес прибежишта за луѓе кои ги сакаат празниците и не ја сакаат монотонијата на теретаните. Секој “getaway“ ги носи членовите на луксузни дестинации, каде што можат да вежбаат по различни фитнес програми, да уживаат во велнес третмани и здрава храна.

Се разбира, исплатата се врши преку ClassPass поени.

View this post on Instagram

Our happy place IRL. studio: @fly_ldn

A post shared by ClassPass (@classpass) on

Остави коментар

Почетна // Спорт // Дали сте за фитнес патување?
Горе