Едноставен фитнес план кој ќе ви помогне

16 март, 20180
14

Свесни сте за значењето на физичката активност за здравјето, но едноставно не успевате да одвоите време за вежбање. Д-р Џоан Хом, фитнес советникот, ви предложува како вежбите да ги вметнете во дневната рутина. Погледнете како.

Утро
Додека чекате да зоврие водата за кафе или чај, правете едноставни вежби за истегање во кујната или играјте со брзо темпо. Преминете го целиот пат до работа пешки или дел од него. Десет минути брзо одење е доволно да ги надомести часовите седење на стол. Ставете ги кондурите во чанта и облечете патики.

Пладне

Правете вежби да истегање на работа. Намалете ја напнатоста на вратните и мускулите на рамената и ќе ви биде полесно во ‘рбетот, за обврски што ви предстојат тој ден. Искористете ја паузата да земете чист воздух, а дури по тоа каснете нешто.

Попладне

Уште неколку минути истегање одвоете кога ќе се вратите дома од работа. Опуштете ја секоја група на мускули физички и психички, така што ќе правите вежби за дишење и концентрација на делот на телото кој моментално го истегате. Додека спремате ручек за утредента или ја расчистувате кујната, вклучете го радиото. Може ќе ве понесе ритамот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi