Експресен тренинг: Затегнат задник за само 3 минути вежбање дневно!

29 јануари, 20180
8

Еве три едноставни вежби за согорување на маснотиите и обликување на мускулите на задникот. Овој „тренинг“ ќе ви одземе само три минути дневно! 

stolica-490x291

За овие вежби немате изговор бидејќи сигурно можете да издвоите три минути и малку простор во собата, па вежбите можете да ги направите и додека гледате телевизија.

Прва вежба 

Застанете покрај задниот дел од столот, со едната или со двете раце на потпирачот, кој ќе ви служи како потпора. Префрлете ја тежината на левото стапало, вдишете и при издишувањето испружете ја десната нога зад себе колку што можете повеќе., без да се свиткате во грбот. Задржете ја ногата една до две секунди. Вдишете и спуштете ја ногата. Повторувајте ја вежбата по 30 секунди за двете нозе.

Втора вежба 

Ставете ја левата нога на столот како потпора. Стапалата нека ви бидат рамни со колковите. Преместете ја тежината на телото на левото стапало. При издишување подигнете ја десната нога високо колку што можете на десната страна. Задржете се во таа положба една до две секунди. Повторувајте ја вежбата по 30 секунди за двете нозе.

Трета вежба 

Најобичното клекнување е одлична вежба за обликување на мускулите на задникот. Само е важно правилно да го изведувате.  Стапалата се во ширина на рамената или малку развлечени. Полека спуштајте го задникот колку што можете како да сакате да седнете, при тоа да не ги подигнувате петиците од подот. Исто така колената не смеат да ја преминат линијата на ножните прсти. Грбот е рамен, а погледот е кон напред, односно кон телевизорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi