Истражување на Харвард докажало: возењето велосипед носи со себе дури 5 фантастични благодети!

7 септември, 20180
ссс

Консултирајте се со лекарот, но потрудете се во својот календар на активности да вметнете и возење со велосипед!

Размислувате во распоредот на активности да вметнете возење велосипед?

Не се двоумете и донесете позитивна одлука, бидејќи благодарение на тоа, вашето тело ќе “профитира”. Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард на својата страница издвои 5 важни благодети на возењето велосипед. Видете ги во продолжение.

  1. Ги чува зглобовите

Кога возете велосипед, сета своја тежина ја префрлате на силните коски на карлицата. Кога пешачите или трчате, тежината се пренесува на нозете поради што трпат зглобовите. Возењето на велосипед е добро за сите луѓе кои имаат проблеми со болки во мускулите или артериите, вели д-р Клер Сафран-Нортон од Харвардската болница.

  1. Осигурува аеробна вежба

Аеробните вежби се карактеризираат со многу умерен интензитет, а првенствено се насочени кон подобрување на здравствената состојба. Токму возењето велосипед е одличена аеробна вежба поради вртењето на педалите, што ја подобрува работата на срцето и мозокот, одлично делува и на васкуларниот систем. Исто така, го поттикнува излачувањето на ендорфин (познат како хормон на среќата), кој го подобрува нашето расположение.

  1. Ги зајакнува мускулите

Во текот на возење на велосипед ги користи речиси сите мускули, најмногу мускулите на задникот, квадрицепсите и мускулите во листовите. Поради исправената положба “работат” и абдоменалните мускули кои помагаат во балансирањето, а ние ги користиме и рацете и рамењата.

  1. Ги олеснува различните секојдневни активности

Добрата страна на возењето велосипед се пренесува на одржувањето на рамнотежа, пешачење, стоење, издржливост и качување скали, вели д-р Сафран-Нортон. Сите видови на физички активности ќе станат поедноставни благодарение на возењето велосипед.

  1. Помага во зајакнување на коските

Д-р Safran-Norton вели дека активностите како вртењето на педалите во кои телото мора да даде отпор, ја зголемува густината на коски. Намалената густина не е занемарлив проблем бидејќи може да доведе од остеопороза.

Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард советува да се консултираме со лекарот пред почетокот на интензивно возење велосипед ако имаме проблеми со срцето, артритис или тенки коски.

Ако имате остеопороза, размислете за возење на трицикл кој е постабилен од велосипедот. Ако неодамна сте имале фрактура, немојте да возите велосипед додека не се опоравите, бидејќи новиот пад би можел да ја загрози постојната повреда, смета Safran-Norton.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *