Моќното враќање на Џокович после 6 месеци пауза: ги тргна од терен 5-те светски тенисери

11 јануари, 20180
U-toku-je-cetvrtfinalni-mec-Rolan-Garosa-Novak-Djokovic-protiv-Dominika-Tima

Најдобриот српски тенисер Новак Џокович слави победа после шест месечната пауза 6:1, 6:4 на егзибицијата Кујонг во Мелбурн против Доминик Тим, која се играше како загревање за „Australia Open”.

Ноле бил бесен во првиот сет, каде за дваесетина минути дозволил Австралијанецот да добие само 1 гем, а го победил со 6:1. Новак бил сигурен во играта, имал добро сервирање и имал се на се само 3 грешки, додека пак Тим доста често грешел така што ја удирал топката надвор од терен или во мрежа.

Во текот на другиот сет имало сериозна борба во која сепак Џокович се покажал како подобар. Бил поагресивен и подобар во клучните моменти од мечот.

Во последниот гем на мечот Новак на неколку важни моменти одлично ја одиграл играта, наметнувајќи му на Тим да направи дополнително непотребни грешки.

Според одвивањето на сервисирањето и ударите на топката, Новак покажал дека повредата на лактот е надмината.

Сепак на десната рака поради која мораше да паузира 6 месеци, имаше неколку врсти стегачи во вид на ракави. Да се надеваме дека тоа го носи само поради претпазливост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *