Подигнете го задникот со вежбање

17 април, 20180
9

Фитнес експертите велат дека повеќето жени ја губат линијата која го одвојува задникот и бутовите поради неактивниот стил на живот. На тоа место мускулниот тонус е послабо развиен и заради тоа задникот и бутовите изгледаат како еден дел од телото.

Оваа група мускули се формираат со стоење, кревање и одење. Ако правилно стоите, ќе ги имате овие мускули развиено. Се претпоставува дека овие мускули не се развиени поради големиот дел од денешните работни места кои бараат седење на маса.

– Изгледа дека задникот се споил со нозете, затоа што нема што да го држи подигнат. Овој феномен не е наследен, туку е резултат на мускулниот тонус и дефиниција. Некои може поради генетиката потешко да формираат мускули, но тоа е проблем воглавно во самиот мускулен тонус- вели Валери Семалски, пилатес инструкторка од Њујорк.

Ако овој проблем вас ве нервира, можете да го решите со вежбање, кревајќи нозе, сквотови и подигање тегови со нозете.

– Задникот може да се „направи“. Не мора да имате голем задник, но со одредени вежби ќе направите мускули и ќе имате испакнатост таму каде предходно сте немале- вели Мишел Веласкез, јога инструкторка.

No-Ass-Bikini-Bottoms-DOC-300x247

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *