Со вежби до совршен задник

25 јуни, 20180
4

Секоја жена посакува да има убаво обликуван задник, бидејќи така секое парче облека на неа ќе ѝ стои добро. Но за да имате совршен задник не ви се потребни диети и скапоцени препарати. Жените кои имаат совршен задник – вежбаат!

За да имате совршен задник потребен е многу труд и трпение. Вежбите кои треба редовно да ги применувате се склекови, расчекор и вежби за подигање на карлицата. За да ги применувате овие вежби не мора да одите во теретана. Доволно е секој пат кога станувате од столчето да не се потпирате на рацете, туку да се подигате само со помош на мускулите на нозете и задникот.

Наместо лифт користете скали и тоа прескокнувајте по две скалила доколку можете. Исто така, дневниот внес на калории е важен. Намалете го дневниот внес на калории на 250 и обидете се секој ден барем триесет минути да одите брзо.

Негата исто така е важна. По секое туширање направете пилинг и масажа. Задникот туширајте го наизменично со ладна и топла вода, бидејќи на тон начин ќе ви се затегне кивото, но ќе се подобри и циркулацијата.

Пијте многу вода и избегнувајте преработена храна, како и кофеин. По секое туширање намачкајте го задникот со хидратантна крема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi