Топ 3 вежби во вода – за секси летна фигура!

14 август, 20180
bbb

Дали знаете колку водената гимнастика е корисна за вашето тело? Морате да ја испробате!

Вежбањето во вода ги зајакнува зглобовите и мускулите поради отпорот што го дава водата, а истовремено телото во вода тежи само 10% од својата вообичаена тежина, па мускулите и зглобовите можат истовремено полесно да вежбаат. Она што посебно им годи на жените, вежбањето во водата обезбедува постојана масажа на целото тело, што ја поттикнува циркулацијата, лимфниот проток и размена на супстанции. Сето тоа е одлично во борбата против проширените вени на нозете и омразениот целулит.

Во водата, без многу потешкотии, може многу да се направи за телото. Ова се првите 3 вежби за секси летна фигура!

Ги зајакнува рацете, рамењата и стомакот:

Застанете во плиткиот дел од базенот, поставете ги рацете на работ на базенот и со силата на рацете подигнете се и извадете го целото тело од водата. Направете три сета од по 10 пати.

Ја зајакнува горната мускулатура на рацете:

Свиткајте ги рацете во лактот, притиснете ги дланките и цврсто спуштајте и кревајте ги вашите лактови низ водата.

Го израмнува стомакот и ги зацврстува бутовите:

Легнете во плитка вода,  потпрете се на лактовите. Подигнете ја едната нога исправена и држете ја во воздух 5 секунди, а потоа спуштете ја. Направете три сета од по15 пати па променете ја ногата и повторете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi