Трчајте на прсти за побрзо да ослабнете

22 март, 20180
11

Истражувањата покажуваат дека жените се дебелеат бидејќи имаат малку физичка активност и не трчаат на прсти. Резултатите од истражувањето ги објавил американскиот тим на научници предводен од Даниел Либерман, по многуте направени експерименти кои вклучуваат и професионални спортисти како и оние кои рекреативно спортуваат и оние кои не спортуваат воопшто.

Научниците успеале да докажат дека одењето по трева босоноги и трчањето на прсти може да помогне во одржување на добра кондиција. Освен тоа, трчањето на прсти помага и брзо да се ослободите од несаканите килограми.

Дури и оние жени кои не се добро градени може да стекнат убави облини со помош на трчањето на прсти. Оваа врста на вежбање развива одредено држење на телото кое спречува подгрбавеност за која главна причина се масните наслаги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *