10 години го посвојувале и враќале назад – Тогаш е откриено што тој прави

9 јули, 2018
9

Тејлор и неговите две сестри се посвоени во 2003 година, но новите родители се одлучиле дека тој е премногу гневен, за нив и веднаш го вратиле назад. Од тој момент потрагата за негово семејство и дом траела 10 години, се до 2013 година кога дошло до голема животна пресвртница.

„Тоа е и по малку моја вина, но јас тоа не го сватив, знаете, додека растев“, изјави Тејлор.

Неговата социјална работничка Кони 10 години се обидувала да му најде дом и семејство и цело време гледала како луѓето го етикетирале како лошо дете.

„Секое дете може да се посвои. Постојат семејства за секое дете“, додала таа.

Момчето било занемарено од страна на неговите биолошки родители кои биле зависни од дрога. Кони никогаш не се откажала од него, била одлучна да му пронајде вистински дом.

„Само мислев на тоа како тој се чувствува и како се криви самиот после се што се случило“, истакна таа.

Била толку вознемирена да тоа се одразило и на нејзиното здравје. Одлучила да ги поднесе документите за посвојување и станала официјално негова мајка после 10 години.

„Ова е местото каде припаѓам. Таа ја знае мојата најлоша страна, а и понатаму и е грижа за мене и ме сака“, изјави Тејлор.

Погледнете го видеото: