11 декември, 2018

Радио

Дванаесетгодишно дете од Сиднеј ја украло кредитната картичка на своите родители, ја излажал баба му за да му го даде пасошот и одлетал на Бали по една семејна расправија.

Сакал да оди на Бали, но мајка му не му дозволувала. Меѓутоа, тоа не го спречило во својата намера. Откако ги истражувал компаниите кои дозволуваат 12-годишниците да патуваат без родители и нашол начин без своите родители да ја напушти земјата, резервирал лет и хотелски соби.

На семејството им соопштил дека оди на училиште, се одвезол со тротинет до локалната станица од каде со воз се упатил до аеродром, чекал на терминал, се качил на лет за Перт, а оттаму за Индонезија.

Единствено вработените во Перт побарале да докаже дека има повеќе од 12 години.

– Беше сјајно зашто сакав авантура, изјавило детето.

Кога стигнал во Бали, на вработените во хотелот им рекол дека ја чека сестра си, откако се чекирал.

На семејството им било јавено од училиштето дека синот е отсутен. Недолго потоа дознале дека е Бали. Ема, неговата мајка веднаш отишла по него.

Таа изјавила дека детето не сака да му се каже „не“.

– Бевме шокирани. Не постои емоција која би можела да ја објаснам како се чувствувавме кога дознавме дека е во странство, рекла Ема.

Остави коментар

Почетна // вести // 12-годишно дете ја украло семејната кредитна картичка, па си ја исполнило желбата
Горе