18 јануари, 2019

Радио

Несекојдневна приказна за љубов, благодарение на која Белград ќе го добие првиот студентски дом за заштита на животните и природата. Погледнете го видеото за наследството на Љубинка …

Организацијата за почитување и грижа за животните, ORCA, оваа година стана полнолетна.

За 18-тиот роденден, го добија најубавиот подарок што некој може да го има: Госпоѓата Љубинка Вивчар во тестамент им го остави својот стан, нивното прво наследство.

Станот од 35 м2 ќе стане првиот студентски дом за заштита на животните и природата.

Во добротворната акција за донирање на средства за опремување на наследството од Љубинка, учествуваа над 200 пријатели на Организацијата, доказ дека се размножува доброто.

Наследството на Љубинка веќе следната година ќе пречека две студентки од домот за деца без родителска грижа.

Погледнете во видеото како функционира наследството:

Остави коментар

Почетна // вести // балкан // Београѓанка подари стан за да ги заштити животните!
Горе