Бебе голтнало пердув и му го извадиле од вратот?!

18 јули, 20180
6

Докторите од Регионалниот медицински центар извадиле пердув од вратот на 7- месечното бебе Миа Витингтон. Пердувот се наоѓал во пределот на вратните жлезди веднаш под вилицата, а родителите на Миа најпрво го забележале отокот кај своето дете.

Миа не престанувала да плаче од болка, а докторите мислеле дека дијагнозата е оток на жлездата или некоја инфекција од убод на инсект. Но и тие како и родителите се изненадиле кога ги виделе рендгенските снимки, бидејќи тие покажале дека се работи за пердув долг речиси 5 сантиметри.

Се претпоставува дека Миа го голтнала пердувот од перницата полна со гускини перја, и тој некако дошол до пределот на вратот. По отстранувањето Миа е испратена на домашно лекување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *