Децата во Финска лежат на подот сред настава, самите се оценуваат и – се најдобри во Европа

17 мај, 20180
6

Новинар на српскиот Телеграф го посетил најголемото основно училиште во Финска и се уверил дека часовите можат да бидат и забавни и едукативни.

Деца во Финска се валкаат по подот сред настава, трчаат низ училницата по чорапи, седат на столчиња, табуретки и специјални лулашки… Учителката е лежерно облечена, речиси како да е дома. Таа наоѓа време за секое дете, а не ја тргнува својата насмевка дури и кога ги прекорува.

Вака изгледа еден час по математика за учениците од второ одделение во основното училиште “Лаутасарен” во Хелсинки. Ова училиште е најголемото (920 ученици) од овој тип во Финска, земја чии деца веќе со години ги бележат најдобрите резултати во Европа на меѓународното ПИСА тестирање.

Децата, чиј час бил посетен од страна на новинарoт, имале два блок часови од по 90 минути. Помеѓу нив, имаат пауза од 30 минути во која ручаат во училишната менза. Тој оброк, како и сè останато – книги, тетратки, моливи, боички итн. се потполно бесплатни за сите основци во земјата. Иако имаат само осум години, учениците доаѓаат сами на училиште, најчесто на велосипеди кои уредно ги паркираат на предвидените места во училишниот двор. Едно одделение има максимум 24 ученици.

Нема класични оцени

Неделно имаат 4 часа математика, 7 часа фински јазик, 2 часа спортски активности, 1-2 часа уметност, 1-2 часа музика и 2 часа наука. Учителките одлучуваат дали ќе им дадат домашна задача, а нивната учителка Ева-Маја Аиникамаки (30) го прави тоа 3-5 пати неделно. Оценувањето, барем онакво на какво што сме навикнати ние кај нас – таму не постои.

– Учениците се оценуваат себеси со описни оцени, а ние ги охрабруваме на тоа. На пример, ученикот оценува дали е добар по некој предмет, додека по друг мора повеќе да учи – објаснува Ева-Маја која срамежливо признава дека е задоволна со платата од околу 2500 евра.

Работата на наставникот е многу угледна и ценета во Финска, но не може секој да ја работи истата. Учителите, просто кажано, мора да ги сакаат децата. Ева-Маја студирала пет години, а потоа прошла низ низа интервјуа и проверки за да докаже дека е адекватна личност за оваа професија во една од најнапредните земји на светот.

Децата во Финска смеат да ги користат компјутерите во домот максимум еден час дневно во работни денови, а за време на викендот – два часа.

Откако ќе го завршат училиштето кое трае 6 години, децата посетуваат второ ниво на основно училиште кое трае уште три години. По 9-годишното основно образование, пред нив имаат два избора – едниот од нив е тригодишно средно стручно училиште во кое ќе изучуваат некој занает, а второто е гимназија која ќе ги припреми за факултет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi