21 август, 2018

Радио

Десетина највисоки мажи на светот, меѓу кои еден е висок метар и 46 сантиметри, а друг носи чевли број 68 се собраа викендов во Париз за меѓусебна размена но и разговор со минувачи кои одеднаш се почувствуваа многу мали.

Тие се прошетаа низ Шанзелизе и не поминаа незабележано, ги тапкаа децата по глава и снимаа селфи со љубопитните.

Еден француски турист се смееше и рече дека тој кој е висок 158 см никогаш не можел да замисли вакво нешто.

Српскиот кошаркар Далибор мициќ висок 224 см, е највисокот човек во Србија и рече дека е симптично што е меѓу други високи луѓе.

„Цел живот вие сте највисок во градот, а овде на крајот се среќавате со луше повисоки од вас, тоа е неверојатно“, изјави тој смеејќи се.

Со огромни сандали на нозете Венецуелецот Хеисон Орландо Родригез, висок 232 сантиметри, го држи рекордот за најдолги стапала.

„Моментално тој носи чевли број 68, однсоно американски број 28. И продолжува да расте. Тоа е неверојатно, тоа е страшно“, рече германскиот координатор Георг Веселс.

Французинот Брахим Такула, висок 246 сантиметри е вториот највисок човек на светот, и рече дека е поинакво чуството кога ќе се сретне со други високи луѓе.

„Се гледаме хоризонтално, а обично ги гледаме вертикално другите помали од нас. Но кога сме заедно се чувствуваме секогаш како да сме браќа, имаме сила“, рече тој.

Остави коментар

Почетна // вести // Џинови во Париз: Највисоките мажи се прошетаа низ град, еден од нив носи чевли број 68!
Горе