Го замрзнале бебето четири дена за да му го спасат животот!?

12 јули, 20180
5

Докторите во Англија успеале да му го спасат животот на новороденче, така што и ја намалиле телесната температура и во таа состојба го држеле четири дена.

Едвард Ивс било бебето кое што било родено со само 5% веројатност дека ќе преживее, поради состојбата која се нарекува „суправентикуларна тахикардија“ и која предизвикува брзо работење на срцето кое може да биде смртоносно. Но, благодарение на медицинската техника, лекарите во Универзитетската болница во Лондон, успеале да ја намалат температурата за четири степени, по што малиот Едвард преживеал. Кога се родил Едвард неговото срце чукало со брзина од 300 отчукувања во минута, речиси двојно повеќе од вообичаено. Докторите го замотале во ќебе намачкано со ладен ѓел, со што му се успорил метаболизмот и спречиле оштетувања на мозокот и оштетување на другите витални органи.

По два дена се обиделе полека да ја вратат неговата телесна температуа, но неговото срце повторно почнало да чука со неверојатна брзина, по што морале да го замрзнат за уште два дена.

Во тој период пет пати примал електрошокови од дефибрилатор поради потенцијалниот ризик да срцето не престане да чука. Во четвртиот ден срцето почнало да чука со нормален ритам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi