Исповед на 5 годишно дете: Го видов Бог. Тој одлучи да ме врати назад!

7 февруари, 20180
9

Неверојатната приказна на петгодишниот Лук Рухман го обиколи светот и привлече многу внимание. Тој тврди нешто многу чудно, можеби и бизарно. Тој е убеден дека во минатото се викал Пем и дека загинал во пожар.

Неговата мајка, Ерика вели дека тој почнал да зборува за непознатата жена уште пред две години. Таа вели дека не знае од каде нејзиното дете воопшто го знае и каде го сретнало тоа име, затоа што ниту еден член на нивната фамилија не се вика Пем. Кога почнала да го распрашува, тој и рекол дека некогаш се викал Пем, која ја опишал како девојка со долга црна коса.

-Јас бев Пем, но загинав и отидов на небото каде го видов Бог. Тој одлучи да ме врати назад, а тогаш вие ме викавте Лук, и раскажало детето на неговат мајка.

Таа била шокирана, но потоа настојувала да и каже како всушност загинал. Малиот ја погледнал во очи и и’ рекол:

-Беше тоа голем пожар, по што нaгло се поместил, како да скокнал од местото каде што седел на каучот.

Необичното тврдење на нејзиниот син, мајката Ерика го раскажала на телевизијата Фокс. Таа додала дека Лук знаел некои работи за Чикаго, каде што живеела загинатата девојка, иако таму не бил никогаш. Неговите родители тогаш почнале да истражуваат по интернет за да откријат нешто повеќе за тоа која била Пем и како загинала.

Дознале дека пожарот во Чикаго се случил во Пакстон хотелот во кој 1993 та година загинале 19 луѓе. Една од жртвите била црномурестата Пем која тогаш била во своите 30 ти години, а целото име и било Памела Робинсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi