Изгубил кладба и си вградил силиконски гради

13 јули, 2018
8

Една од најбизарните кладби на светот е токму оваа. Маж од лас Вегас вградил силиконски импланти и до ден денешен не ги извадил.

Силиконските гради кои ги носи Брајан Зембиц се последица од глупава кладба, но тој со тек на време ги засакал и сега не сака да ги извади. Зембиц кој е магионичар и коцкар од Лас Вегас, во 1996 година ги ставил силиконските импланти после што се кладел во 100 000 долари дека ќе издржи со нив повеќе од година дена.

Тоа е нормален дел од мојот живот и колку на другите да им изгледа нездраво за мене е сосема нормално – изјавил Зембиц.

Брајан секоја година добива бонус од 10 000 долари поради тоа што одбива да ги отстрани, но соочен е со проблем кој е заеднички на многу жени, не може да најде соодветен градник.

Тој истакнува дека на љубовен план нема никакви проблеми поради силиконските гради, тврдејќи дека неговата 13 годишна ќерка се гордее со својот татко и дека овие силиконски гради веќе со години ги плаќаат сметките на семејството.