Јапонците креирале “Hello Kitty” воз кој во целост е уреден во духот на познатиот цртан лик

6 јули, 2018
10

Јапонците повторно одлучиле да го направат својот јавен превоз забавен, со тоа што наскоро во промет ќе биде пуштен брзиот воз “Hello Kitty” кој во целост е изработен во духот на популарниот цртан лик.

Како што јавуваат јапонските медиуми, возот од идниот викенд ќе започне да сообраќа помеѓу Осака и Фукуока.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Возот е дело на јапонската компанија “West Japan Railway” која се надева дека со оваа иновација ќе го развие локалниот туризам.

Покрај надворешниот изглед на возот кој е обоен во розова и бела боја со ликот на “Hello Kitty”, комплетната внатрешност на возот исто така е забавна и шарена. Туристите и локалното население сигурно ќе ги воодушеват виолетовите седишта, розовите теписи, прозорците и наслоните со цртаниот лик, па дури и тоалет хартијата која исто така е изработена во “Hello Kitty” мотив.

Во текот на првото возење, патниците ќе ги дочека и голема “Hello Kitty” кукла во уникатна униформа, а еден вагон од возот ќе биде резервиран за испробување на разни јапонски јадења, како и купување на предмети и сувенири.

Foto: KYODO

Ликот на “Hello Kitty” е креиран од страна на Јоко Шимизу во 1974 година, и оттогаш е популарен низ целиот свет.