Република Гвинеја прославува 60 години независност!

2 октомври, 20180
slika

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција.

2018 е важна година, бидејќи токму денес, Република Гвинеја прославува 60 години независност. Овој ден, традиционално се обележува со јавни собири, каде старешините и владините функционери се собираат и одржуваат говори. Прославата е проследена со музика и танц, а локалното насeление ја носи традиционалната облека на Гвинеја.

Почесниот конзулат во Р. Македонија се приклучува на оваа јубилејна прослава и го чествува најголемиот државен празник на својата пријателска држава. Неговото постоење е доказ дека постои цврста соработка помеѓу двете земји.

Иако навидум сосема различни, со различни култури и традиции, Р. Македонија и Р. Гвинеја ги спојува топлината на народот, гостопримливоста и богатиот фолклор.

На Балканот, па и во Европа, многу малку се знае за Р. Гвинеја. Сместена е на западниот брег на Афричкиот континент, позната уште како француска Гвинеја бидејќи била поранешна француска колонија, а сега уште попозната како Гвинеја – Конакри. Главен град е преубавиот Конакри.

 

УБАВО Е ДА ЗНАЕШ ЗА РЕПУБЛИКА ГВИНЕЈА

 

Република Гвинеја преставува платформа на мултиетничка толеранција, традиција, соживот.

Таа е една од најбогатите афрички земји чијашто економија се базира на земјоделство и производство на минерали.

Гвинеја е втора во светот по производство на боксит, а воедно е најголем произведувач на злато и дијаманти.

Изобилува со природни убавини и е седиште на повеќе култури, традиции, обичаи.

Вложуваат во образованието, се обидуваат да го направат подобро, поквалитетно и достапно за секого. Стремежот е неколкукратно да се зголеми бројот на едуцирани деца.

Традиционалната музика која е карактеристична за оваа земја се базира на дувачки инструменти во комбинација со други музички форми од Европа или други делови од светот.

Гвинеја е позната по формирањето на танцовата група “Les Ballet Africains”, која ја отсликува богатата култура и традиција на земјата. Истата настапува локално и интернационално.

Почесниот конзулат во Р. Македонија ќе продолжи да ја шири културата на Р. Гвинеја во нашата татковина и се надеваме дека ќе имаме можност да ги гледаме и тука, во Македонија добро познатите “Les Ballet Africains”.

Да живее пријателството на народите!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi