Маж и жена потрошиле 20 години градејќи го островот на кој живеат

30 мај, 2018
8

Оваа пловна тврдина која е изградена така што ќе се одржува сама, е изградена покрај брегот на Британска Колумбија, а е тука да ви покаже колку би бил убав животот надвор од градовите.

Имено, Вејн Адамс (66) и Кетрин Кинг (59) го изградиле заедно овој дом уште во 1992 година, а оттогаш сами одгледуваат своја храна и ловат риба за да преживеат.

Домот, кој е наречен “Freedom Cove”, се состои од 12 пловни платформи кои вклучуваат танцов подиум, уметничка галерија, гостинска соба, студио за Адамс и Кинг и 5 зелени куќи.

Парот ја добива својата вода од водопадот кој се наоѓа во близина за време на летниот период и од дождот за време на зимата.

Имотот е исто така опремен и со 14 соларни панели, но неодамна морале да се префрлат на генератор затоа што се расипале.

Кога не работат на нивниот самоодржувачки стил на живот, тие сепак успеваат да бидат секојдневно зафатени. За време на летниот период постојано им доаѓаат посетители од блиското градче Тофино за да го искусат нивниот живот. Исто така, Адам е резбар, додека Кинг е сликарка, танчерка и музичарка.