Мис на Казахстан: Се пријавила на избор за Мис, стигнала до финале, потоа откри дека е машко!

9 февруари, 20180
9

Во изборот за Мис на Казахстан настанал голем скандал бидејќи една од финалистките не била онаа која што се претставувала. Имено, Алина Алиева ја шокирала нацијата кога признала дека таа е момче од 22 години. Откако ги објавил фотографиите на Интернет само ги чекал реакциите на публиката.

Станува збор за Иљи Дијагиљев, манекен, кој се пријавил на натпреварувањето за да им докаже на своите пријатели дека и мажите можат да поминат добро како кандидати во изборот за Мис.

– Моите пријатели и јас дискутиравме за убавината и после тоа одлучив да се пријавам на натпреварувањето. Секогаш бев шампион за природна убавина – зборува самоуверено ова момче и додава дека девојките денес се сите исти, исто се шминкаат, исто се облекуваат и дека поголемиот број сметаат дека се убави доколку ги пратат трендовите, но тој не се согласува со тоа.

Иља бил уверен дека денес сè е можно поради шминката, козметиката и фотошопот, па со мала помош на фризер и шминкер, Иља се претвори во Алина.

View this post on Instagram

👻👻👻

A post shared by Ilay Dyagilev | QZ 🇰🇿 (@vozhzd) on

Тоа што се пријавил на натпреварувањето “Miss Virtual Kazahstan”, каде не очекувал дека ќе стигне до финале, сакал само да укаже на природната убавина и карактерот за кои смета дека се најважните адути. Токму поради тоа, одлучил да им соопшти на организаторите и јавноста која е Алина.

Според некои, тој имал големи шанси и да победи каде се натпреварувале 4.000 девојки. Но, откако се објавиле имињата на финалистките, одлучил да биде фер и да си го открие својот идентитет. Откако го наравил тоа, Алина била веднаш дисквалификувана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi