Мислел дека девојката ќе му роди петорка, но кога стигнале во болница следело изненадување

3 мај, 20180
3

Кога дознал дека неговата девојка е бремена, Пол Серват вложил многу време, енергија и емоции во подготовката да стане татко.

Девојката ја запознал на интернет летото. До септември, два месеца откако почнале да се забавуваат, дознал дека ќе стане татко.

Девојката му рекла дека е бремена и дека носи близнаци. Близнаците подоцна се претвориле во тројка.

Шокантни вести биле кога рекла дека сепак носи четворка, а на крај – петорка!

Пол бил многу возбуден, а избрал и имиња за децата. Неговите родители биле среќни што ќе станат дедо и баба.

 

Локалните фирми и заедницата биле подготвени да вложат во животите на овие пет бебиња. Донирале некои работи како би му помогнале на семејството.

Така пет празни креветчиња се нашле во домот на Серват. Тие останале празни и по терминот за пораѓај.

Имено, се утврдило дека бебињата не постоеле воопшто.

Серват ја одвел девојката во болница на пораѓај. Сестрата тогаш го тргнала на страна и му ги кажала срцепарателните вести. Неговата девојка не била ни бремена.

Тогаш дознал дека таа треба да биде под психијатриски надзор поради таканаречена фантомска бременост.

Таа лажно била уверена дека е трудна, до таа мера што имала утринска мачнина и зголемен абдомен.

– Сè изгубив. Тоа беше целиот мој живот, рекол Серват.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi