Неговата сопруга починала: Две години подоцна полицијата погледнала фотографии од венчавката и …

30 април, 20180
4

Неколку дена пред да се венчаат Дејв и Ерика Лејси , на Ерика и бил дијагностициран редок и агресивен вид на лимфом.

Таа починала во 2010, на само 30 години. Дејв останал скршен вдовец, а најдраги спомени му биле стотината фотографии од камерата на Ерика.

Но, крадци во 2012 ја ограбиле куќата на Дејв во Санта Ана, Калифорнија. Украдени му биле Икс-бокс, скап накит, електроника, но најмногу го погодило тоа што ја снемало камерата на Ерика.

“Едноставно не изгледаше фер, затоа што после се што поминавме, уште и кога тоа го изгубив, се чувствував како некој да ме удрил во стомак” вели тој.

Исчезнале преку 300 непроценливи фотографии од Ерика и нивниот заеднички живот. Камерата дури имала фотографии од нејзиниот погреб. Дејв знаел дека никогаш повеќе нема да ги види тие фотографии.

Една година подоцна се случила неповрзан грабеж. Детективите пронашле 20 сметки за предмети кои се продадени во локална продавница, од кои еден бил камера. Кога полицијата ја посетила продавницата, ја вклучиле камерата и почнале да ги разгледуваат снимените фотографии.

Што повеќе фотографии виделе, тоа им било се повеќе јасно дека таа камера има некое специјално значење, а посебно кога виделе фотографии од венчавка, како и од погреб.

Полицијата немала никакви имиња со чија помош би можеле да ја спојат камерата со сопственикот. За среќа, препознале одреден ѕид и познато дрво на некои од фотографиите. Кога отишле во делот од градот на кој мислеле дека е местото на кое фотографиите се направени, го препознале Дејв.

Тој во меѓувреме веќе ја отпишал камерата, тој прво помислил дека се работи за шега. Но штом го забележал посебниот ремен на својата камера, кој Ерика го направила пред да почине знаел дека тоа е тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *