Нов закон во Индија: Доколку сте спиеле заедно, вие сте венчани!

29 мај, 2018
8

Индиските власти донеле нов закон, според кој, доколку момчето и девојката спијат заедно, се смета дека се во брак.

Доколку парот сака да има и други партнери, ќе мора да помине посебна судска процедура и да се разведат, се наведува во одлуката на судот во Мадрас.

Судот исто така во одлуката наведува дека венчавката и стапувањето во брак пред судовите е само формалност, за општеството да ја одобри таа врска.

Властите во Индија се одлучиле на овој потез откако еден од пониските судови донел одлука на една жена која имала два вонбрачни синови да не и се додели алиментација.

Вишиот суд тогаш одлучил дека овој пар ги исполнува сите норми на бракот и дека мажот сепак бил должен да плаќа алиментација од 500 рупии за неговите деца.