18 јуни, 2018

Радио

Германски овчар, наречен Капетан, побегнал од куќата после смртта на својот сопственик, Аргентинецот Мигел Гузман во 2006 година. Кога после една недела, семејството на Мигел дошле да го посетата гробот, го виделе кучето како седи покрај него и завива. Капитан од тогаш не ги напушта гробиштата во градот Виља Карлос Паз во централна Аргентина.

Веќе 10 години ова старо 15-годишно куче го продолжува својот ритуал и покрај тоа што е слепо и одвај може да оди.

Капитан секоја вечер легнува на гробот и не станува се до утрото.

Мигел ова куче му го поклонил на својот син Дамијан за неговиот 13-ти роденден во 2005 година. Во март 2006 година Мигел неочекувано починал, а кога после погребот семејството се вратило во куќата Капетан исчезнал,

“Го баравме насекаде но неможевме да го најдеме. Мислевме дека избега и погина. Наредната недела кога отидовме на гробишта го најдовме покрај гробот на мојот сопруг. Дојде до нас и почна да завива. Изгледаше тажно. Никогаш не сме го носеле на гробишта и на никој не му е јасно како го пронајде гробот. Тој едноставно несака да го остави Мигел сам” кажала Вероника Гузман.

“Никогаш не ги напушта гробиштата. Точно во 18 часот ќе легне на гробот и не станува се до утрото. Луѓето кои работат на гробиштата го сакаат и го хранат” кажува Хектор Басега, шеф на гробиштата.

Остави коментар

Почетна // вести // Обидете се да не заплачете: Ова куче 10 години не го напушта гробот на сопственикот, но тоа не е најтажното…
Горе