Откриена е тајната за најпознатиот трик на Дејвид Коперфилд

18 мај, 2018
13

Американскиот магионичар Дејвид Коперфилд беше приморан на суд да открие еден од своите најпознати трикови, поради тужба што ја поднесе еден од учесниците во трикот, кој се повредил.

 

Британецот Гавин Кокс покрена тужба откако паднал и се повредил за време на учеството во трик под име “Lucky 13” во Лас Вегас. Тој го повредил рамото и на лекување потрошил 400.000 долари.

Покрај тврдењето на адвокатот на Коперфилд, дека откривањето на трикот ќе му донесе финансиска загуба на магионичарот, судијата во Лас Вегас ја одби жалбата и нареди трикот да се разоткрие пред јавноста.

Коперфилд во трикот бира случајно 13 лица од публиката и прави тие да „исчезнат“ откако ќе бидат прекриени со завеса, по што се појавуваат зад бината.

Продуцентот на магионичарски трикови Крис Кенер на суд откри дека одбраните луѓе од публиката поминуваат низ тајни премини надвор од зградата, а потоа на споредната врата влегуваат зад бината, по што повторно ги прекриваат со завеса.

– Доколку сум направил нешто погрешно, тогаш би бил виновен, нагласи Коперфилд пред Судот.

Британскиот турист Кокс, кој при трикот го повредил рамото, тврди дека страда од хронични болки, како и дека на лекување потрошил над 400 илјади долари.