Поради протеза за заби тинејџерка доживеала два мозочни удари а правеле и операција на срце

14 март, 20180
6

15. годишно девојче речиси починало од смртоносен ендокардитис откако посетило стоматолог и ѝ ставил протеза на забите. Докторите од Хала, источен Јоркшир во Велика Британија претпоставуваат дека краевите на металот од протезата пренеле бактерија од нејзината уста во нејзиниот крвоток, која потоа успеала да се пренесе и до нејзиното срце.

 

Леа Кичен е девојчето кое откако посетило стоматолог речиси нејзиниот живот бил на ивица. Кога се разболела, докторите сметале дека се работи за обична настинка, бидејќи нејзините симптоми биле зголемена телесна темепература, главоболка, треска и болки во мускулите.

Меѓутоа, нејзината мајка Андреа ја одвела во болница, каде било дијагнозирано дека Леа има менингитис.

– Снимањето со магнетна резонанца требаше да трае 20 минути, но се задржаа два и пол часови – рекла г-ѓа Кичен.

– Открија дека има инфекција на половината и мозокот, што значи дека имала два мали мозочни удари. На нејзиното срце исто така биле присутни и бактерии, кои успеале да стигнат до мозкот. Металот на протезата во нејзината уста веројатно беше многу остар и направил рана, преку која бактериите се пренеле во крвотокот – додала мајката.

Потоа, Леа била одведена во болница во Лидс, каде наредниот ден ѝ била направена операција на срцето. Опоравувањето од операцијата траеше осум недели.

– Загрижена сум за децата кои носат протези, но важно е да се знае дека истиот проблем можат да го предизвикаат тетоважите или пирсингот. Обрнете внимание на сите необични симптоми…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi