Потрошил 50.000 евра да изгледа како вонземјанин

29 мај, 20180
1

Човекот, кој својот живот го поминал во правење на пластични операции и на нив потрошил многу пари, со цел да личи на џуџе и вонземјанин, планира нови зафати.

Луис Падрон (26) од Буенос Аирес досега потрошил 50.000 евра за голем број пластични операции за да изгледа како фантазиско суштество како самовила и вонземјанин.

Со шпицести уши, зголемени очи и бела коса, Луис изгледа како да не доаѓа од Земјата.

По последната операција, на која неговата вилица е скршена на пет места, Луис е подготвен да поднесе нова операција, пренесува “Дејли мејл”.

Но листата на желби не завршува тука.

-Сакам да го намалам Адамовото јаболко и да направам операција на очите за да изгледам како мачка, вели Бразилецот.

За само пет години “пластичниот принц”, како што самиот се нарекол, имал шест операции за промена на изгледот на очите, два пати го оперирал носот, додека врвовите на неговите уши се преобликувани, со цел да добијат шпицест изглед.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *